Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје

пред 4 години

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа одржа повеќе конструктивни состаноци со лозарите по што Владата донесе сет мерки со кои ќе се поддржи лозарството како многу значаен сектор. „Една од мерките е дополнителната мерка од 2 денари по килограм. Оваа мерка е од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, која Министерството за земјоделство ја изготви и истата е веќе излезена во Службен весник на РСМ“, информираат од ресорното министерство. Од таму објаснуваат дека корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката за оддржување на лозов насад од Програмата за финансиска поддршка и оствареното производство од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка, Кадарка од реколта 2020 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во земјава. Дополнително ќе бидат донесени и сет на мерки кои ќе бидат од Ковид-програмата и нивната реализација ќе биде до крајот на 2020 година.

Scroll to Top