До вторник дожд, од среда снег

пред 3 години

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Од вторник поради продор на постудена воздушна маса од север, се очекува ново заладување со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Натамошното опаѓање на температурите во среда и петок ќе предизвика врнежите да бидат претежно од снег.

Scroll to Top