Државјанин на Грција загина во сообраќајка кај Прилеп

пред 3 години

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција почина по сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп – Градско, во близина на селото Тројаци.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу пладне кога возилото на А. Л. излетало од патот.

По незгодата, тој бил пренесен во Здравствниот дом „Борка Талески“ во Прилеп, но набргу починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Scroll to Top