Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија, но не помина амандманот за осуда на Бугарија

пред 3 години

Со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.

Амандманот поднесен од страна на Социјалдемократите и Зелените преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Scroll to Top