Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Никола Саздовски – Саздо

пред 4 години

Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, а тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана, објави А1ОН. Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда. Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top