Жугиќ до Шилегов: Секој ден изразуваме сочувство на некој, а вие менувате имиња на улици

пред 3 години

Секој ден изразуваме некому сочувство, а вие зборувате за менување на имиња на улици, порача советничката од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје, Јелена Жугиќ, на денешната седница на советот на која се дискутираше за промена на имињата на градските улици.

Жугиќ на градоначалникот Петре Шилегов му порача дека поради немање на мерки и протоколи за заштита од коронавирус, градската администрација, како што рече, станала корона-кластер.

Таа побара наместо да се дискутира за промена на улиците, да се преземат конкретни нешта, повикувајќи сите советници да се откажат од своите паушали и да им помогнат на ранливите категории.

„Дајте да зборуваме за конкретни нешта, дајте потегнете некоја активност, дајте предложете да се откажеме сите советници од своите паушали еден месец и да ги донираме да купиме нешто, има ранливи категории, една маска носат по 5 дена“, посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top