Заврши изградбата на ковид – центарот во Кичево

пред 3 години

Министерството за здравство соопшти дека е завршена изведбата и поставувањето на модуларниот ковид – центар во Кичево.

Тој е со површина од 700 метри квадратни и има капацитет од најмалку 45 болнички легла.

„Ова двојно зголемување на постојниот болнички капацитет е од исклучителна важност граѓаните. Сега можното оптоварување со ковид пациенти нема воопшто да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуги“, изјави министерот Венко Филипче.

Исто така, додаде тој, започнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда во Кичево.  Филипче најави дека за неколку месеци, за првпат, ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија.

Scroll to Top