Заев: Боки 13 е бандит кој прави шоу, СДСМ има квалитетни кандидати за лидер

пред 3 години

Премиерот и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека бандитите и криминалци останува да прават шоу како што и претходно правеле, одговарајќи на гласините дека Боки 13 ќе се кандидир за лидер на СДСМ.

„Се случуваат вакви шоуа од шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда“, рече Заев.

„Процесот е затоа што премиер го пријавил случајот и затоа што премиер по сите основи не се осудил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по слово на закон“, рече Заев.

Заев во моментов се наоѓа пред истекот на неговиот втор лидерски мандат во СДСМ.

„За да бидете претседател на СДСМ треба да сте член со петгодишно активно членство. Јас сакам да имам противкандидати на изборот, затоа што првпат сите членови на СДСМ ќе бираат претседател“, рече Заев.

Scroll to Top