Заев ги поднесе предлозите до собрание: Еве ги имињата на сите заменици министри!

пред 4 години

Владата на Република Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри. За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат: – Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана; – Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи; – Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда; – Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците; – Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи; – Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии; – Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија; – Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; – Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство; – Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука; – Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика; – Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа; – Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура; – Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација; – Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски; – Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top