Заев: Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија

пред 3 години

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил објавува дека денеска првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.

-Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ, порачува Заев во својот статус на фејсбук.

Scroll to Top