Заев на проштална средба со генерал Јанкович: Канцеларијата на НАТО во Скопје ја круниса мисијата со членството на земјата во Алијансата

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев оствари проштална средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковникот Зоран Јанкович. Двајцата изразиле задоволство од работата на мисијата која ја пружи неопходната поддршка на процесите до полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата.

Заев, како што информираат од владината прес-служба, се заблагодарил за одличната соработка со генерал Јанкович и со целиот тим на Канцеларијата за врски на НАТО, кои своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија. На генералот Јанкович му изразил посебна благодарност за поддршката, му порачал дека Република Северна Македонија може да ја смета за своја втора татковина и му посакал плодна и понатамошна успешна кариера.

Генералот Зоран Јанкович, се вели во соопштението, се заблагодари на досегашната соработка и истакна дека членството во НАТО е резултат на работата на оваа Влада и дека е горд што беше дел од овој процес.

Scroll to Top