Заев не дојде на рочиштето со Николоски

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Заев е навреден од изјавата на Николоски дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра. Николоски на рочиштето побара во доказите да влезе и изјавата на Бојан Јовановски: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”. Исто така Николоски побара да се земе во целост неговата изјава за која Заев покрена тужба, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот. Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот. Рочиштето е одложено за 20 ноември. Фото: Република.мк

Извор: vecer.mk

Scroll to Top