Заев по повлекувањето на Шекеринска: Треба неа да ја прашате дали сака да се дистанцира од мене

пред 3 години

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вели дека не знае дали Радмила Шекеринска сака да се дистанцира од него со најавата дека нема повторно да се кандидира за потпретседател на СДСМ. Според него, таа е негов најблизок соработник и е една од најзаслужните за членството на Македонија во НАТО.

„Радмила Шекеринска не поднесе оставка, таа најави дека нема намера да се кандидира за заменик претседател во следниот мандат. Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време. Шеќеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработувам. Шеќеринска ќе ја прашате дали се дистанцира од мене, таа е многу најблизок соработник. Еден од првите мои соработници. Немаме разговарано за амбасадорско место бидејќи таа е министер за одбрана. Би било невнимание да се разговара за тоа. Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила. Јас и Радмила, како и огромен процент на раководството се договоривме да го возобновиме, да дадеме шанса на нови ликови. Луѓето сакаат во 21 век нови инвентивности кои ќе го забрзаат растот на државата“, рече Заев.

Инаку, Шекеринска вчера соопшти дека добила прашање од општинската организација дали е кандидат за потпретседател и кажала дека не е. Таа објасни дека смета оти СДСМ и државата би оделе напред кога ќе продуцираат нови кадри.

Scroll to Top