Заев-Предан: Словенија е искрен поддржувач на процесот на пристапување кон ЕУ

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Словенија, Милан Предан, при што беше изразено задоволство од одличните билатерални односи на двете земји.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било истакнато дека двете земји ги поврзува долгогодишно пријателство и соработка, а Северна Македонија во Словенија има искрен поддржувач во процесот на пристапувањето во ЕУ, како и близок партнер во НАТО алијансата.

Разговарајќи за пандемијата на Ковид -19, премиерот и амбасадорот констатирале дека взаемната поддршка на двете земји за време на здравствено-економската криза е од исклучително значење за надминување на последиците кои ги чувствуваат граѓаните.

Воедно било констатирано дека Северна Македонија и Словенија остануваат посветени на создавање услови за зголемување на економската и трговска соработка, како и унапредување на развојната соработка меѓу двете земји.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top