Заев со повик до амбасадорите да разговараат со дијаспората за важноста на пописот

пред 3 години

Ги повикав нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат и дека со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

На денешниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО, стои во објавата, заклучиле дека успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата.

Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, заклучно со изутрината во осум часот се евидентирани 153 574.

Scroll to Top