Заев ќе го презентира петтиот пакет економски мерки

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска ќе го презентира петтиот пакет економски мерки за стимулирање на стопанството во услови на пандемија.

„Пакетот економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети“, информираат од владината прес-служба.

На презентацијата која е најавена за 13 часот и 30 минути присутни ќе бидат и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Scroll to Top