Затворање на уште еден ковид-центар, рекорден број оздравени во едно деноноќие

пред 3 години

Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од Ковид-19 за еден ден досега. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а на активни случаи изнесува 6.257 од кои 2650 во Скопје.

Се намалува и бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија во државава. Вкупно се лекуваат 638 пациенти со Ковид-19 од кои 262 во Скопје.

Во земјава аплицирани се вкупно 175.348 дози вакцини, а втора доза примиле 25.648 граѓани. Вчера, вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани.

Поради намалениот број на пациенти со Ковид-19 веќе се затворени ковид – центрите на клиниките за гастроентерохепатологија, кардиологија, за ОРЛ, за очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава, како што информираа од Министерството за здравство, без ковид пациенти се и клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм.

Од Министерството посочија дека денеска ќе биде затворен и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, а од понеделник клиниките за ортопедија и за трауматологија почнуваат со редовен хируршки програм.

Scroll to Top