Затворен локал кај Бит пазар, приведени девет лица

пред 3 години

Во угостителски објект на улицата „Отокар Кершовани“ завчера во 22:20 часот полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода девет лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати девет лица, информира МВР.

Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот од страна на ДПИ е затворен и пломбиран, се додава во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top