Затворен угостителски објект во Арачиново, приведен сопственикот

пред 3 години

Полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера вечер во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.

Како што информира МВР, во чајџилницата е затекнат и сопственикот, 25-годишниот А.Б. од село Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ.

Објектот е затворен од инспектори на ДПИ.

Scroll to Top