За групирањето на роденденската прослава на Ахмети, функцуионерите на ДУИ казнети со по 20 евра

пред 3 години

МВР им врачило платни налози за неносење на заштитна маска на сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, славејќи го роденденот на партискиот лидер, Али Ахмети, без почитување на мерките за превенција од ширење на коронавирусот.

Од МВР потврдуваат дека платните налози се врачени и додаваат дека како и за сите граѓани, така и за функционерите, важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Според извори од истрагата, се врши координација за изрекување на кривична пријава, со цел дополнително казнување.

Scroll to Top