Зголемената смртност се должи на комобирдитетите и доцното доаѓање во болница

пред 4 години

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на комобирдитетите и доцното доаѓање на пациентите во болница.

„Огромен процент од пациентите се со комобирдитети, тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани долго време. Еден сериозен број на пациенти кои многу доцна доаѓаат во болница со многу тешка манифестација на болеста и тоа е тренд кој не прати од почетокот. Над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат комобирдитети“, вели Филипче.

Тој вели дека во дневните извештаи за Ковид-19, се објавуваат само случаите од изминатите 24 часа, а единствено можно е само еден или двајца да се префрлат од претходниот ден, поради доцнење и технички проблеми.

„Ние останавме доследни на тоа што го почнавме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест и можеби таа била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од Ковид“, вели Филипче.

Scroll to Top