Ивент индустријата и денеска ќе протестира пред Влада

пред 3 години

Ивент индустријата и денеска ќе протестира пред Влада, од 12 до 15 часот.

„Најмалку што очекувавме од Владата беа медиумски оркестрирани напади кон нас и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија. Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé. А не работиме веќе 14 месеци“, велат од Асоцијацијата ИВАП.

Од таму велат дека пакетот мерки и еден или два милион ниту е донесен, ниту e објавен.

„Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје“, се наведува во соопштението.

Scroll to Top