Изложба по повод 75 години од основањето на Црвениот крст

пред 3 години

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на 75 години од своето основање и 25 години од добивањето на статусот полноправен член во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска организира низа активности кои беа започнати пред пандемијата. Една активност од нив е и изложбата на уметникот Љубе Алексовски кој исто така оваа година одбележува 40 години ликовно искуство.

Изложбата ќе биде презентирана денеска во просториите на Културен Информативен Центар -КИЦ- Скопје, а ќе ја отвори претседателот на Црвениот крст на РСМ проф.д-р Ромел Велев.

Уметникот Љубе Алексовски својата хуманост ќе ја покаже повторно донирајќи 20 ументички слики на Црвениот крст на РСМ.

Scroll to Top