Италијански државјанин уапсен на скопскиот аеродром, полицијата му нашла хашиш и марихуана

пред 3 години

39-годишен италијански државјанин е уапсен денеска на аеродромот во Скопје при обид да влезе во Македонија, откако полицијата го претресла и кај него пронашла хашиш и марихуана, соопшти МВР.

„На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш. К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од полицијата.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top