ИNOVAтивни подароци за Денот на вљубените

пред 3 години

Денот на вљубените е на повидок! Повеќето од вас сигурно веќе размислувате што би им подариле на вашите партнери или драги личности. Одбирањето на соодветен подарок може да биде стресно и да ви одземе многу време, особено доколку немате целосна идеја што сакате да подарите.

Но, нема потреба за загриженост! Тимот од Nova Office е тука да ви предложи неколку порадоци кои со сигурност би и се допаднале на вашата сакана личност.

Најдоброто од сé е што можете да купите сé што ќе ви се допадне од удобноста на вашиот дом, бидејќи преку онлајн продавницата Super Nova, можете да ги нарачате вашите омилени производи и истите да ви бидат доставени до вашата врата веќе следниот ден.

РАНЕЦ ЗА ЛАПТОП
Ранец за лаптоп е подарок кој истовремено е модерен и функционален. При избор на ранец за лаптоп, покрај големината, потребно е да се одлучите за бојата, дополнителните аксесоари како приклучок за полнач, простор предвиден за слушалки, можност за заклучување, број на прегради и секако, една од најважните работи:добра анатомска потпора. За среќа, Nova Office има голем избор на ранци за лаптоп кои ги вклучуваат сите овие карактеристики, а ваше е само да одберете.

ЗА ФИЛМСКИ ФАНАТИК
Доколку вашиот парнер е голем филмски фанатик, ги чека сите продолженија од филмските серијали и ужива во нивното гледањe , тогаш најдобриот подарок, кој со сигурност ќе му се допадне е ташна од филмските серијали Star Wars, Back to Future или Matrix. Овие брендирани ташни се официјални лиценцирани производи и се многу практични за носење на рамо.

ЗА ГЕЈМЕР
За вистинските љубители на видео игри, секогаш е добра идеја да им подарите нешто што ќе ги подобри нивните перформанси. Доколку вашиот партнер е гејмер,можете да му подготвите гејминг сет од слушалки, маус, подлога и тастатура или пак да му подарите џојстик.
За фановите на играта The Legend of Zelda, на нашата интернет продавница може да купите столна ламба во форма на The Gold Triforce или пак да купите привезок за клуч со ликот на Cthulhu од играта „The call of Cthulhu’.

ПАМЕТЕН ЧАСОВНИК
Паметните часовници се новиот моден тренд, бидејќи покрај тоа што изгледаат шик, ќе ви помогнат да ја постигнете вашата фит цел и да го подобрите здравјето. Можете да одберете спортски стил или класичен, за секојдневна употреба, во зависност од преференциите на вашиот/та партнер/ка.

BLUETOOTH ЗВУЧНИК
Од изминатата година, повеќе време поминуваме во нашите домови, па често ни недостасува забава. Со купување на модерен Bluetooth звучник како подарок, ќе можете да се забавувате заедно со партнерот/ката дома! Овие звучници се поврзуваат и се контролираат од вашиот мобилен телефон и даваат поинакво доживување на секоја песна, правејќи ја неодолива за танцување.

ДРУШТВЕНА ИГРА
Друштвените игри се одлучен начин за забава и супер подарок за секого, особено во овој период кога дружбите со најблиските пријатели се најчесто во домашна атмосфета. Направете го секое дружење незаборавно и одберете ја друштвената игра која најмногу ви одговара.

Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на подарок и дека преку нашите производи ќе изнудиме насмевка на вашите лица и лицата на оние на кои им ги подарувате.
И за крај запомнете, секој подарок подарен од срце е добар подарок

Scroll to Top