Казнети 167 возачи во Скопје, од кои 14 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 167 мерки, меѓу кои 14 за непочитување на брзина на движење, 10 санкции за возење без возачка дозвола и три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 36 прекршоци што ги чинат пешаците, седум санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен сигнал(црвено светло), три за некористење сигурносен појас, 66 за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top