Казнети 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

пред 4 години

Полициски службеници во периодот од вчера од 18 часот до 03 часот утрово на територијата на Велес спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од мотоциклисти. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци. Покрај во Велес, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле санкционирани 384 учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top