Казнети 465 лица за неносење маска

пред 3 години

Полицијата за еден ден казнила 465 лица за неносење маска.

„Во текот на изминатото деноноќие (09/10.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 465 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Scroll to Top