Казнети 572 лица за неносење маска

пред 3 години

Полицијата за еден ден казнила 572 лица за неносење заштитна маска.

„Во текот на изминатото деноноќие (21/22.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Scroll to Top