Казни за 701 лице поради неносење на маска

пред 4 години

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистриран е 701 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689. Досега се направени вкупно 174.097 тестирања. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top