Кампања за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови

пред 4 години

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември денеска почнува низа активности за едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ. Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември денеска почнува низа активности за едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ. -МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда, се вели во соопштението од Агенцијата. Покрај тоа, како што потенцираат од МАПАС, фокус во работата ставаат и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб. сст/скс/

Извор: mia.mk

Scroll to Top