Камчев уште во судот, обвинителката која бара притвор , замина низ гаражите

пред 3 години

Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува предметот поврзан со плацевите на Водно и која побара притвор за Орце Камчев, без да даде изјава, од гаражите, го напушти Кривичен суд.

Таа излезе со службено возило на Обвинителството.

Засега нема информација за исходот од барањето на Обвинителството, на Камчев да му се определи ефективен притвор.

Инаку, поради опасност од бегство, а по добиена информација од Агенцијата за национална безбедност, Обвинителството побара притвор за Камчев.

Распитот траеше скоро три часа. Камчев засега и натаму е во судот.

Scroll to Top