Караџовски: Ситуацијата со Ковид-19 не е катасрофална, но е неповолна

пред 3 години

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кажа дека епидемиолошката состојба се уште не е катастрофална, но е неповолна. Тој вели дека новите мерки не се донесени порано поради тоа што се чекалое податоци од цела недела. Караџовски објасни дека коронавирусот е распространет низ цела држава, а здравствениот кадар е веќе преморен.

„Овие мерки се сега бидејќи вирусот не е истиот од ноември, а кумулативниот број на болни и хоспитализирани не е ист. Ако тогаш кажувавме дека имаме од 800-1000 случаи и дека може да изменаџираме, сега не е така. Се случува бум од новозаразени. Има од 1200-1300 заболени. Имаме огромен број на новозаразени случаи со Ковид-19, поради што во краток временски период од две-три недели се наполнија болниците. Сигурна е епидемиолошката состојба кога нема ширење на вирусот, второто е катастрофлна и неповолна. На територија на целата држава имаме распространето ширење на короанвирусот. Бидејќи ја менаџираме сеуште ситуацијата, истата не би ја оценил како катастрофална, бидејќи имаме уште здравствени капацитети. Нам ни е проблем здравствениот кадар во моментов. Ниеден пациент не е без медицинска нега. Здравствените работници се функционални сеуште, но преморени, и не знаеме до кога ќе бидат функционални“, рече караџовски.

На прашањето зошто сега мерки, а не минатата недела , тој истакна одлуките не ги носат „ад-хок“ т.е од денес за утре.

„Се прави анализа на неделна и двонеделна основа. Ја покриваме состојбата на недела или две. На ниво на недела сме имале зголемување на 26 проценти“, кажа Краџовски.

Според него, во пет градови состојбата е критична.

„Најголем проблем е Битола, Куманово, Тетово, Скопје. Пет градови се критични, заради инфраструктурата или затоа што воопшто немаат инфраструктура за сместување на пациенти. Епидемиолошки, состојбата е не сигурна. Ова е за да се растеретат здравствените работници, да им дадеме капка одмор. Да можат да влезат во шема кога ќе заврши овој период. Да обезбедиме нови капацитети. Немој да мислите дека по 14 ден, нема да постои Ковид-19. Ние во моментов го спречуваме бројот на заразени кој минатата година за време на Велигден и Бајрам ни се одрази“, додаде Караџовски.

Scroll to Top