„Кацарска извршител на мафијата“-герила акција на опозициските пратеници во Собранието против Кацарска

пред 4 години

Со свирежи и транспаренти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа седницата , односно направија герилска акција со која го изразија револтот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Тие станаа од своите места и застанаа пред говорницата држејќи транспарент на кој пишуваше „Кацарска извршител на мафијата“, „Карацрска значи неправда“, пратениците носеа и мајци со ликот на Кацарска.

Кога прекина акцијата пратениците се повлекоа на своите места, но продолжија со свирежи кога на говорницата излегуваа пратениците од парламентарното мнозинство.
„Можете да свирите цел ден, цела вечер не ви се мешам во тоа. Нема да ја прекинам седницата, но ќе замолам да се однесуваме демократски и на висина на задачата, ние сме избраници на народот“, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

На говорите на пратениците од опозцијата, ракоплескаа. Собраниската седница се одвива во тензична атмосфера.

Scroll to Top