Колева: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна

пред 3 години

Економските мерки што ги спроведе Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои се потврдени и со официјални податоци, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Според неа извозот во месец март 2021 година бележи раст од 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец, констатира Колева.

„Покрај раст на извозот на почетокот на годинава, раст бележи и просечната плата која во февруари оваа година е повисока за 2,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година и изнесува 27.984 денари. Согласно економските показатели и очекувањата, во оваа 2021 година, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи растот на платите, а невработеноста да се намалува“, посочи пратеничката на СДСМ.

Scroll to Top