Комисијата препорача рестриктивните мерки да траат уште седум дена

пред 3 години

Комисијата за заразни болести, неофицијално, препорача досегашните рестриктивни мерки да бидат продолжени уште една недела.

Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Владата утре на седница ќе ја разгледа препораката за продолжување на мерките.

Scroll to Top