Комисија за заразни болести: Породилното отсуство продолжено до крајот на годината, од работа ослободени и бремените жени

пред 4 години

Утринава, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста. За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија. Текстот Комисија за заразни болести: Породилното отсуство продолжено до крајот на годината, од работа ослободени и бремените жени е превземен од А1он .

Scroll to Top