Косовец со „Ауди“ не застанал на Блаце и бегајќи удрил во полициско возило

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден косовски државјанин за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тој на граничниот премин Блаце не застанал на даден знак од полицаец и продолжил да возил, при што удрил во полициско возило и повредил полициски лужбеници.

„ Обвинетиот, на 2 април, управувал патничко моторно возило Ауди А4 со косовски регистарски ознаки кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон Македонија. Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози. Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото, по што двајца полициски службеници со службено возило се ипатиле да го запрат. Го престигнале на 4 километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје. Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди“.​​

Scroll to Top