Кочански надрилекар „олеснил“ лековерни штипјани за 13.000 евра

пред 3 години

Надрликерар од Кочани измамил двајца штипјани од кои успеал да наплати близу 13.000 евра, убедувајќи ги дека лекува болести.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари,“ велат од полицијата.

Scroll to Top