Кривична против скопјанец кој ја претепал својата мајка

пред 4 години

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

Како што информираат од МВР, на 21. февруари годинава во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил усапсен, спроведен и хоспитализиран во Психијатриската болница – Скопје.

Scroll to Top