Кривични против тројца гостиварци, снимале како тепаат полицаец

пред 3 години

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишниот Д.Н. (35) од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, и против неговите сограѓани М.И. (35) кој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено снимање“ и против С.Т.( 37) поради сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Како што информираат од МВР, на 9 април годинава во Гостивар, првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал работни задачи, второпријавениот снимал со својот телефон, а третопријавениот со агресивно однесување ги спречувал останатите полициските службеници при извршување на нивните службени задачи.

Scroll to Top