Кумановец заразен со корона предизвикал проблеми во болница, полицијата интервенирала со заштитни одела

пред 3 години

Полиција со заштитна медицинска облека била принудена да интервенира во ковид-центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, поради тоа што на 3 декември пациент агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал.

Било констатирано дека пациентот е 60-годишниот С.В. од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.

По полициската интерценција лицето се смирило, а слиужбениците направиле записник за констатиран прекршок по член 4 од ЗППЈРМ.

Кумановецот ќе остане на понатамошно лекување во центарот.

Scroll to Top