Кумановка дома чувала дрога, полицијата ја уапси

пред 3 години

Кумановската полиција денеска го претресла домот на 37-годишна кумановка, каде пронашла кафеава и бела прашкаста материја, по што ја уапсила 37-годишната жителка на градот, соопшти МВР.

„Денеска (04.05.2021), полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја,“ се вели во полициското соопштение.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Scroll to Top