Македонија денеска ги добива првите вакцини против Ковид-19

пред 3 години

Правата пратка вакцини против Ковид-19 во земјава ќе пристигне денеска. По едно одложување, контингентот вакцини од производителот Фајзер/Бионтект на Табановце претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе му ја предаде на премиерот Зоран Заев.

Договорената пратка со Србија е за 8000 дози, но нема информација дали сите ќе бидат доставени денеска. Примопредавањето беше закажано за во четвртокот, но беше одложено поради како што објаснија и македонската и српската страна „дополнување на техничката документација“.

Scroll to Top