Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе ja забрза измената на законите и подигнувањето на јавната свест

пред 3 години

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло, вели Маричиќ.

Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.

-Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук.

Scroll to Top