Марко Михаилоски е избран за нов претседател на СДММ

пред 3 години

Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа 23. Конференција, дигитално, почитувајќи ги целосно протоколите за заштита од коронавирусот.

Како што информираат преку писменото соопштение, на Конференцијата, која за нов претседател на СДММ, едногласно бил избран Марко Михаилоски, досегашен член на ИО на СДММ и долгогодишен член на СДСМ.

На Конференцијата, покрај изборот на претседател избрани се и членови на Надзорниот и Централниот одбор на СДММ.

– СДСМ постојано се менува, но СДСМ постојано се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и затоа ја има поддршката од граѓаните, од младите. Во периодот што следува СДММ продолжува да биде важен дел од СДСМ, креатор на квалитетни младински политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

Scroll to Top