МВР ги бара двајцата што им се закануваа на патници во автобус на ЈСП

пред 3 години

Од Министерството за внатрешни работи велат дека постапуваат по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се закануваа дека ќе ги убијат патниците кои побарале од нив да стават заштитни маски на лицето.

На социјалните мрежи денеска беше објавено снимка на која се слуша како двете лица им се закануваат на останатите патници со убиство, откако постара жена им посочила да стават маски на лицата додека се во автобусот.

Засега не се знае за кој автобус на ЈСП се работи и на која релација се движел.

Scroll to Top