МВР и ДИК ќе работат на воведување отпечаток од прст во изборниот процес

пред 3 години

МВР и Државната изборна комисија да формираат заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност. Ова го предложил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на која се разговараше околу измените на Изборниот законик, за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес.

Како што се наведува во соопштението од МВР, од страна на претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Претставниците на ДИК и министерот Спасовски ја нагласија потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес, се посочува во соопштението.

Scroll to Top