МВР со детали за вчерашната забава во гостиварско: Покрај пејачите имало и танчерки

пред 3 години

Покрај пејачите кои ги забавувале гостите во кафеаната „Луна“ во гостиварско имало и танчерки од кои едната бугарска државјанка информираат од Министерството за внатрешни работи. Забавата во угостителскиот објект кој синоќа работеше по дозволеното време растури Пазарната инспекција.

46-годишниот сопственик на објектот е приведен. Кафеаната е затворена.

„На 05.04.2021 во периодот од 20.30 до 21.30, полициски службеници од Полициското одделение Галате – СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект во Врапчишко поле во близина на автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар. При контролата било констатирано дека во објектот има музика во живо, танчерки, како и 11 гости. Во објектот биле затекнати пет женски лица(четири македонски државјанки и една бугарска државјанка) кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач. Сопственикот на објектот Р.Б. бил лишен од слобода по член 206 од Кривичниот законик, додека бугарската државјанка била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој“ – се вели во информацијата од МВР.

Scroll to Top