МГ Фешн: На Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност

пред 3 години

Од компанијата МГ Фешн која ќе гради на паркингот кај Холидеј Ин велат дека визуелизациите за зградите кои се споделуваат на онлајн петицијата против градбата се неточни и затоа подготвуваат јавна презентација на проектот идната недела.

„На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот. Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност“, се наведува во соопштението.

Од МГ Фешн велат дека наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, а кои воедно ги дозволува актуелниот ДУП за Градска Четврт Ц08, предвиден е урбан комплекс со многу јавно зеленило и објекти со тројно намалена катност од дозволената, каде ќе се применат најсовремени материјали и современ дизајн.

Scroll to Top